Амбасадата на Република Словенија станува стратешки и долгорочен партнер на општина Дојран во реализацијата на клучни проекти од областа на заштитата и ревитализацијата на Дојранското езеро.

Градоначалникот Анго Ангов неделава оствари работна средба во Дојран со словенскиот амбасадор, Милан Предан.

Досега се реализирани неколку  заеднички проекти до сега а договорено соработката да продолжи и во иднина. Главна цел во иднина ќе биде развојот на еко туризмот со интенција Дојран да стане првата еко туристичка дестинација во земјата.

„За полесно остварување на целта, ние веќе подолго време со невладината организација „Милиеу контакт” изработуваме физибилити студии и проектни документации кои претставуваат основа за почеток на реализација на проекти за заштита на Дојранското Езеро,“ изјави градоначалникот Ангов.

Благодарност од досегашната соработка изрази и амбасадорот Милан Предан кој истакна дека неговите соработници, како и до сега, ќе продолжат и понатаму да и даваат огромна логистичка подршка на општина Дојран при реализација на еко проекти.