ЈП Исар продолжува со активностите за изградба на нов парк во населбата Сењак. Ова всушност е и единствениот парк во оваа населба, која е густо населена, а има и многу деца.

Директорот на претпријатието, Трајче Здравков, вели дека проектот го продолжуваат од претходната власт, со мали измени.

– На едниот дел ќе има справи за вежбање и лулашки за најмалите. За постарите се предвидени летниковции шаховска табла, рече Здравков напоменувајќи дека во консултација со жителите, паркот може да се збогати со уште реквизити.

Во следните две недели градежната група треба да започне со поставување бекатон плочки, а потоа паркови и зеленило хортикултурно ќе го уредуваат.

Инвестицијата за овој парк е околу еден милион денари.