Во пресрет на верскиот празник Задушница ЈП Исар ќе чисти на градските гробишта во Штип. Деновиве како што рече новиот в.д директор, Трајче Здравков, ќе се коси тревата и ќе се собира сметот.

-Нашите екипи од комунална хигиена имаат таргетирано и неколку мини депонии во градот- кај медицинското училиште, кај филтер станицата и кај Мирјанината црква. Овие депонии во следните денови ќе бидат исчистени, најави Здравков.

Тој побара помош и од граѓаните, вели да пријават каде има мини депонии и ѓубришта, а тие во рок од 24 часа се обврзуваат да ги исчистат.