Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Драган Анастасов, по втор пат ја доби довербата на пробиштипјани за да ја води општината.

Во вториот круг на локалните избори освои 4.649 гласа, односно за него гласале 49,57 отсто од избирачите.

Анастасов водеше и во првиот изборен круг, со над 400 гласа во однос на својот противкандидат.

-Пробиштип е исклучителен град. Свој на своето. Благодарност до секој мој сограѓанин. Вие сте мојот мотив, а јас сум градоначалник на секој еден од вас. Нека ни е честита победата, објави Анастасов по изборите.