Во најновиот неделен бриф посветен на Град Скопје  ве информираме за најновите активности во главниот град.
Акцентот го ставаме на најважните активности на опшптината во изминатата недела:

*Уреден е вториот зелен покрив во центарот на градот – покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“
*Скопје добива модерно и економично ЛЕД осветлување во рамките на проектот „Смарт Сити“
* Град Скопје го распиша тендерот преку кој ќе се бара оператор што ќе го изгради Бас рапид транзит системот со цел да се намали сообраќајниот метеж во главниот град
*При јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ формирана е нова лабараторија за молекуларна биологија
* Кампањата на јавното претпријатие Лајка, „Вдоми куче, вдоми љубов“ добива нова димензија. По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од вторникот и во Обединетото Кралство.