Скопјани и скопјанки сѐ повеќе уживаат со своите велосипеди, дали е тоа на пат накај работа, некоја друга дестинација или едноставно рекреативно возење. А речиси совршената географска поставеност на Скопје за возење велосипед е еден од главните предуслови за поекономичен и побрз начин на транспорт, како и за здрав и поквалитетен живот и нови здрави навики – велат од Град Скопје.