Како дел од проектот „Смарт Сити”, Скопје добива модерно и економично ЛЕД осветлување за безбедни коловози, тротоари и вело патеки. Во тек е последната фаза од поставувањето на ЛЕД светлата на територијата на Град Скопје. Со овие 9600 ЛЕД светла и замената на натриумот со ЛЕД-от се постигнува подобро осветлување. Со ова се овозможува 24- часовна автоматизирана контрола на работата на светлата.