Екипи на ЈП „Улици и патишта“- Скопје, во текот на вчерашниот ден целосно завршија со реконструкцијата на пешачката патека на улица Христо Татарчев во насока од спроти крстосницата со улица Народни Херои кон крстосницата со улица Дебарска кај кафичот „ГЕТ“. При реконструкцијата на пешачката патека беше отстранет оштетениот асфалт и на површината од 1500 метри квадратни вградена е нова асфалтна маса, нивелирани се канализационите шахти, а поставени се и заштитни столбчиња по целата должина.
Реконструкцијата и поставувањето на заштитните столбови се извршени со цел да ја зголемат безбедноста на минувачите во овој дел од градот.