За градоначалникот Коста Јаневски, децата се најголемото богатство и иднината на општина Струмица и секогаш ќе бидат нејзин приоритет.

На негова иницијатива, општина Струмица започна со доделување на еднократна парична помош во висина од три илјади денари на секое новородено дете на одделението за гинекологија и акушерство во Медицинскиот центар во Струмица.

Оваа помош ќе ја добиваат полнолетните родилки со постојано живеалиште во градот и населените места на општина Струмица.

Во месец јануари во Струмица се родиле 51 бебе, тие се првите добитници на еднократната парична помош од градоначалникот Јаневски.