Минатата недела Скоспката Зоолошка градина доби нов член од фамилијата Мармозет, кој за само една недела стана вирален хит.

„Џуџестите мармазети се најмалите мајмунчиња на светот и тежат најмногу до 100 грама. Може да замислите колку е мало бебенцето- минијатура еднаква на детско прсте. Да ни е живо и здраво“, стои во објавата на Фејсбук.

Зоолошката градина сега повторно со ново известување дека „Скопје Зоо повторно главна тема на светските медиуми“.
„Овојпат нашето мало џуџесто мармозетче ги освои симпатиите на луѓето насекаде низ земјината топка. Нас не освои уште од денот кога се роди, бидејќи е прво бебе од најмалите мајмунчиња на светот, родено во Скопје“, стои во објавата на Фејсбук на скопската Зоолошка градина.
Новинската агенција Ројтерс објави видео токму од џуџестото популарно мармозетче: