Во рамките на програмата на Skopje Jazz Festival на 23 ти октомври повторно ќе биде прикажан документарниот филм посветен на Арета Френклин. Инаку филмот беше прикажан и на 18 ти месецов. Филмот насловен „Amazing Grace“ се прикажува во кино Фросина, а билетите се по цена од 100 денари, достапни на www.karti.com.mk.

„Amazing Grace“ е извонредeн концертен филм за Арета Френклин кој го документира враќањето на кралицата на соулот во госпел музиката во 1972 годинa, со два легендарни настапи, придружена од хор, во една баптистичка црква во Вотс, Лос Анџелес. Таму каде што таа го снимаше истоимениот албум, Amazing Grace, кој доби Греми и стана најдобро продаваната госпел плоча во музичката историја. Материјалот за филмот го сними режисерот Сидни Полак, но тој заврши во магацините на Warner Brothers, како последица на низа технички и правни проблеми, вклучувајќи ги и оние што ги создаваше самата Арета. Подоцна, кога продуцентот Алан Елиот ги обезбеди правата за него, филмот беше конечно реставриран и комплетиран. Музичките сладокусци чекаа речиси половина век за да ги видат фасцинантните изведби на Арета, кои се сметаат за неспоредливи со било што слично во музиката и кои ја доведоа до екстаза „привелегираната“ публика во црквата во далечната 1972. Дозволата за прикажувањето на филмот стигна по смртта на Арета, од нејзинито семејство.Во продолжение може да погледнете краток исечок од документарниот филм: