Kонзулот на Република Косово во Македонија, Агим Красниќи ја посети Општина Крушево.

На средбата градоначалникот Томе Христовски, разговарале за идна соработка меѓу конзулатот и општината и имплементација на проекти од кои бенефит ќе имаат сите граѓани на општина Крушево.

„ Се запознавме со почитуваниот конзул и се согласивме дека општина Крушево како мултиетничка општина е пример за соживот, но и пример во имплементација на проекти. Општината има голем потенцијал за реализација на активности кои ќе решаваат проблеми, а оваа соработка со Конзулатот очекувам да придонесе за исполнување на потенцијалот.“, изјави градоначалникот Христоски по средбата.