Пред кумановчани општинскиот гласник „Куманово се менува“

Излезе општински гласник “Куманово се менува”, по повод 4 години активности во Општина Куманово, кој содржи дел од активностите кои се одвиваа на територија на Општина Куманово во период од 2017 до 2021 година.

Ова е втор гласник по ред, по првиот гласник “За наше Куманово-Заедно на правиот пат” (2017-2019 година), кој излезе по повод 2 години активности во Општина Куманово.

На страниците на општинскиот гласник корисниците ќе имаат можност да разгледаат активности на Локалната самоуправа и други проекти и настани кои се реализирани во различни сфери на општественото живеење на територија на општина Куманово.

Гласникот е достапен за преземање во висок квалитет во електронска форма на македонски и албански јазик на општинската интернет страна kumanovo.gov.mk.