Почнуваат осмооктомвриските одбележувања во Крива Паланка

Со свечено отворање во сабота 02.10.2021 година, ќе започне тринаесеттиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. Годинава на фестивалот ќе бидат изведени четири претстави со театри од Србија и  Северна Македонија.

Претставите ќе се играат во деновите меѓу 2 и 7 октомври, се со почеток во 19.30 часот во НУ Центар за култура.

Фестивалот е дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Крива Паланка, 8 октомври. Според програмата, на 7 октомври е закажаана свечена седница на Советот на општината, а за следниот ден се предвидени изложба и свеченост на доделување на осмооктомвриските награди, што ќе се одржи во Стар конак во манастирот Св Јоаким Осоговски.