Испитувањата на водата за пиење покажаа дека жителите на Скопје пијат безбедна и квалитетна вода, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Од претпријатието го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 септември до 24 септември, како што се посочува, зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.