Се возеше „Tour The Kalimanci lake“

Со реализацијата на четвртото издание на „Tour The Kalimanci lake“, Македонска Каменица полека се афирмира во еден од главните центри на одржување на велосипедски тури во источниот дел од државата.
Денес „Tour The Kalimanci Lake“ ги собра велосипедистите од Македонска Каменица, Кочани, Виница, Делчево и Скопје на планинската тура околу Калиманско Езеро.
Собирно место на „Tour The Kalimanci lake“ беше Паркот на рударите во Македонска Каменица, а финишот на турата беше во Паркот на млади.

Официјалниот дел од турата започнува од браната Калиманци, па се до завршувањето на локалниот пат кај село Илиово. Вкупната должина на патеката околу Калиманско Езеро е 36 километри, додека официјалниот дел од „Tour de Kalimanci lake“ е 22 километри. 

Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење, ранг 5. Настанот кој е поддржан од општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“, има за цел покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калминаско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот.