Штипјани од вчера своите сметки за вода може да ги добиваат електронски и да ги плаќаат онлајн.

Директорот на ЈП Исар, вели дека на овој начин граѓаните полесно ќе ги подмируваат своите обврски, а тие како јавно претпријатие ќе бидат попристапни.

-На нашата веб страна jpisar.com.mk ќе има дел за регистрација на корисниците. Ќе има шифра на корисник која ја има на самата сметка, ќе има поле да се внесе број на фактура и своја емаил адреса. Потоа корисникот ќе добие потврда дека е успешно регистриран, вели Лазар Нацев од ЈП Исар.

За електронско плаќање вкупно се регистрирани околу 15 илјади домаќинства, а месечно околу два до три милиони денари Исар ги добива преку електронски пат.