ООУ ,,Славчо Стојменски” овој понеделник ги дочека своите ученици со физичко присуство, во целосно ново руво.

Десет училници се комплетно реконструирани, а нов изглед добија и ходниците и скалилата.

Најстарото училиште во Виница, денес претставува училиште со европски стандарди, модерно и современо училиште кое ќе овозможи квалитетна услуга и пријатен амбиент за деновите поминати во училишните клупи.

Градоначалникот на Општина Виница – Ивица Димитров како и претставници од УСАИД кои дадоа свој допринос преку „Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието”, денес извршија увид на сработеното.

Во овој проект се реконструирани плафони и подови во 10 училниците, односно опфатени се 711м2 плафон, 360м2 под и 162м2 поставување на кошулица со дебелина од 5см. Исто така сменет е и подот во ходниците и скалилата каде е опфатена површина од 280м2 , белење на целиот објект, поставено ЛЕД осветлување и поставена е алуминиумска ограда на внатрешните степеници.

Од вкупно планираната сума од 1 200 000 ден за реконструкција на 10 училници, со дополнителните активности за целосна реконструкција на внатрешноста на училиштето, вкупната сума се зголеми на 2 450 000 ден.

Средствата се обезбедени од УСАИД, Општина Виница и училишниот буџет на ООУ ,,Славчо Стојменски”.