Одбележани 77 години слободно Свети Николе

Со повеќе свечености, Свети Николе одбележа 77 години од ослободувањето на градот.

Централниот настан беше Свеечната акдаемија, на која беа истакнати позначајните достигнувања меѓу двете одбележувања. Општината ги истакна промените кои го рефлектираат работењето изминатата година во областите на комуналната инфраструктура, образование, социјална заштита, млади и спорт .

На академија присуствуваше и делегација на збратимената општина Ќиќевац од Република Србија на чело со претседателката д-р Мирјана Кркиќ.

Дел од свеченоста беше посветена на најмладите жители на Свети Николе, на кои беа доделија парични награди и признанија на учениците, но и на нивните ментори за постигнатите успеси на државно и меѓународно ниво минатата учебна година.

Во рамки на одбележувањето на 77 години од ослободувањето на Свети Николе се организираше турнир во мал фудбал на учениците од основните училишта во општината.

Победници на турнирот е екипата на ООУ Даме Груев од Ерџелија.

Традиционално беше отварена изложбата на слики на 16-та Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“. Се’ уште е отворена изложбата, на која можат да се видат 26 уметнички слики во билиотеката при Дом на култура „К.Мисирков“, изработени од страна на 13 уметници од Македонија, Србија и Црна Гора .