Делчевското село Стамер го доби првиот Палеонтолошки музеј на отворено.  Уредниот простор над селото, патеките, информативните табли  и копиите од ископаните фосили  низ уникатниот локалитет ќе ви овозможат да патувате како низ временска машина,ќе ве одведе токму  во времето кога на овие простори климата била тропска, со бујна вегетација. Научно е докажно дека низ делчевско се шетале жирафи, носорози, слонови, хиени, тигри, кои се предци, на оние што сега живеат во Централна Африка.Фосилните остатоци кои се пронајдени на локалитетот се стари од четири до девет милиони години. Билјана Гаревска од Природно- научниот музеј во Скопје потенцира дека  карактеристични за овој локалитет се пронајдените фосили од жирафа.

-Најкарактеристичен вид кој е пронајден на овој локалитет е Sivatherium Garevskii, кој по пронаоѓањето на овој фосил од жирафа веќе се потврди и тоа ја зголемува уникатноста на овој локалитет. Тоа што го прави најкараткеристичен е дека е прв вид во Европа, меѓутоа го имало во Азија и Африка. Овој вид претставуваше една алка која недостига во тоа да ние ете знаеме дека копната во минатотото биле споени, рече Гаревска.

Пред точно 14 години рударскиот инжињер Љубе Митевски од селото Стамер го открива рогот на жирафата, на само неколку метри над селото Стамер, а веќе една година подоцна, во 2008 година,  познатиот палеонтолог Ристо Гаревски ги потврдува наодите и почнува научното истражување.

-На терен имам пронајдено околу 20 фосилни остатоци и тоа така повидливи. Јас имав основни познавања од палеонтологијата, професорот Ристо Гаревски на Рударскиот факултет го имавме како предмет и го препознав на самиот терен дека се работи за фосил, рече Митевски.

Палеонтолошкиот локалитет Стамер се уредуваше под раководство на професор Васил Анастасовски од Македонското еколошко друштво” , според кој Македонија заради интересната релјефна структура меѓу европските земји важи за подрачје со многу природни вредности распределни во разни категории и со разни обележја.

-Овде климатските карактерстики пред 23 до пет милиони години биле други него што се денешните, значи тоа било тропско, субптропска клима, којашто изобилува со голема вегатација, многу тревни еко системи и оттаму се развила, значи оваа фосилна фауна, вели Антоновски.

Општина Делчево  палеонтолошки локалитет Стамер го уреди преку Проектот за уредување природни реткости, а се реализира во рамки на Програмата за зачувување на природата во РСМ преку проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

 Во рамки на програмата досега се поддржаа повеќе активности за прогласување природни реткости кои се случија од Министерството за животна средина и просторно планирањекако главен партнер, покрај Општините од регионот, Македонското еколошко друштво како главен спроведувач на активностите поврзани со биолошката разновидност, Шумарскиот факултет од Скопје, Јавното претпсијатие „Национални шуми” и ред други партнери, рече Шушлевска.

Претставниците на локалната и централната власт сметаат дека локалитетот Стамер е пример и убава приказна за  туристите.

-Ова што е направено овдека е навистина добро и треба да се зачува и треба да се доуреди просторот и треба да стане дел од туристичката, културна, образовна мапана државата, потенцираше Каја Шукова државен секретар во Министерство за животна средина.

-Делчево е гордо на ова што се случува и денес и она што Љупче успеа да го открие. Делчево продолжува, заедно со помош на државните институции, за да се промовира не само во Македонија, туку и надвор од Македонија, вели  Ванчо Новоселски претставник на Општина Делчево.

Проект е во функција на развој на туризмот како стратешка цел на Општина Делчево, а освен природната реткост Стамер, во Делчево има уште два локалитети прогласени за природна реткост, Геолошкиот профил Звегор и Киселичка Пештера.