Виница Општина Виница доби 182 метални контејнери за комунален отпад, во рамки на проектот за набавка на опрема за собирање и транспорт на отпадот во Источниот и Североисточниот плански регион, ,,Еко Исток – Североисток “.

Контејнерите се дел од опремата која заедно со двете возила за собирање на смет, се обезбедени од ИПА-програмата за регионален развој на ЕУ. Новите контејнери ќе бидат распоредени низ повеќе локации низ градот и населените места од страна на ЈП ,,Солидарност” и ќе бидат соодветно обележани за отпадот што ќе може да се исфрла во нив. Ова ќе овозможи да се прави селекција на органскиот, од пластичниот и другиот комунален отпад, со што ќе се обезбеди негова полесна преработка во идната регионална депонија за отпад која се наоѓа во атарот на село Мечкуевци, Свети Николе.

СоГрадоначалникот Ивица Димитров вели дека со поставувањето на овие контејнери значително се подобрува животната средина и нивото на хигиената во Општина Виница, притоа апелирајќи до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат и со тоа да помагаат во одржувањето на чистата и здрава животна средина.