Град Скопје информира дека во тек се завршните работи на надолната “flow” велосипедска патека од Средно Водно до Скопје.

На Водно може да ја користите и „пионерската uphill off road“ патека, која започнува од Полициската станица на Водно во должина од 3,5 километри, ширина 3 метри и која е наменета само за во еден правец (нагоре), а како крајна дестинација е Средно Водно.

Оваа патека е исклучиво наменета за велосипеди и за движење во еден правец – нагоре. За оние за кои велосипедизмот претставува совршен начин за одржување нa физичката кондиција, како и оние кои едноставно уживаат во движење низ природата, првата uphill off road вело „пионерска” патека на Водно е идеалната дестинација.