Со најголемата донација која влегла во општината, Делчево влегува во нов капитален проект, што градоначалникот Горан Трајковски го оценува како најголем последните години. Со донација од 7,3 милиони евра од Швајцарската амбасада, се решава проблемот со водоснабдувањето во Делчево преку нова филтер станица и водоснабдителен систем. Интенција е овој проект во наредните две години да донесе нов, а тоа е изградба на пречистителна станица на отпадните води, што сега завршуваат во водите на реката Брегланица.

-Ова е во историјата на Делчево е најголем проект и јас искрено се гордеам со него, затоа што со поддршка на сите делчевчани ќе го направиме, ќе го изградиме не само за нас, туку и за 50-70 генерации после нас, за да немаат недостаток од вода, за да имаат чиста и квалитетна вода за пиење. Филтер станицата ќе се гради по најсовремени стандарди, вршевме во изминатите 3,5 години физибилити студии за да го изнајдеме најдоборото решение за прочистување од акумулацијата Лошана. Ќе поставивме фотоволтаци во близна на Тработивиште, на самото место каде што се наоѓа филтер станицата, за да овие обвновливи извори на енергија го намалат трошокот. Исто така, ќе се изградат резервоари, ќе се рехабилитира резервоарот во Ѕвегор, ќе се стават нови филтри на старите бунари. Ќе се гради и нова водоводна мрежа во село Габрово и село Ѕвегор, изјави Трајковски.

Оваа инвестиција заедно со таа за изградба на Градскиот пазар, ќе ги одбележат следните години. Делчевчани, како што очекува Трајковски, ќе добијат објекти, кои самите ги иницирале преку форумите на заедницата, како форма за идентификување на граѓанските потреби.Објектот ќе се простира на 12.000 квадратни метри, а самиот пазар е на 6944 квадрати, а ќе се гради и сервисна улица. Градскиот пазар има регионален карактер, со оглед на тоа дека во Делчево доаѓаат пазарџии од околните градови, а купувачи има и од соседна Бугарија.

-Овој проект кој го реалзизираме со завршена финансиска конструкција, проектот чини 33,5 милиони денари и го градиме во две фази. Првата фаза завршува во август и чини 14,9 милиони денари – 7 милиони од Агенцијата за развој на земјоделството и рурален развој, 7,9 милиони од буџетот на Општина Делчево. Втората фаза е 18,5 милиони денари, од кои 14 милиони се од Бирото за регионален развој и 4,5 милиони од буџетот на Општината. Со тоа ќе добиеме грандиозен објект, кој ќе биде покриен, ќе се продава по Хасап системот, кој ги овозможува сите хигиенски услови, рече Трајковски.

Овој инвестициски циклус во општината започнува со првиот проект во мандатот на Трајковски, а тоа е изградбата на пешачкиот мост, вреден 11 милиони евра, кој е врската меѓу еден дел од градот со поважните институции, каде граѓаните имаат скеојдневни потреби.

Со легализацијата, за градот остана обврска за изградба на инфраструктурата во еден од поглемите населби, во Басарица, која деновиве добива нов лик. Се инвестираше во водоводен и канализациски систем, а се работи и на асвалтирање.

-Инвестициите во приградската насеба Басарица припаѓаат во капиталните проекти. Населбата е 25 години урбанизирана, но ги немаше основните услови за живот. Таму градевме фекална и атмосферска канализација, ги изградивме скоро сите улици со тротоари. Целата инвестиција е 18 милиони денари, средства од Владата, објасни градоначалникот Трајковски.

Паралелно со инвестициите во населените места, во градот Делчево се реши уште еден децениски проблем, а тоа е оделување на фекалната од атмосферската канализација во населбата Милково Брдо. Од проектот на Светска банка „Македонија без кал“, за Делчево се издвоени 790.000 евра, со кои ќе се градат локални патишта и неколку улици во градот.