„Јас како градоначалник и општина Струмица остануваме силен партнер во Локалниот совет за превенција и со сите расположливи капацитети ќе го даваме својот влог во безбедноста на граѓаните“, рече градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, на работилницата на тема „Локален совет за превенција – улогата на градоначалникот“.

На работилницата која што се одржа по повод 9-ти делември – Денот на превенцијата учествуваа претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на сите организациони единици при СВР–Струмица кои работат на зајакнување на концептот Партнерство помеѓу полицијата и заедницата,  градоначалници и претседатели на Совети на општините од регионот.