„Безбедноста на децата, учениците, но и на сите граѓани е од големо значење на локалната самоуправа предводена од мене како градоначалник, па убави и современо осветлени улици ќе биде заложбата која и во идниот период ќе ни биде во фокусот на управувањето со општината“, рече градоначалникот Коста Јаневски по утврдувањето на состојбата со осветлувањето на улиците во градот, особено, функционирањето на новото современо улично осветлување на повеќе локации во градот.