Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство (Париз, 2003) ќе се одржува на 21 март од 9:00 до 15:00 часот во големата сала на Општина Штип.

Националниот Комитет на ИСТМ (Интернационален совет за традиционална музика), како организација акредитирана за имплементација на УНЕСКО-та Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство (Париз, 2003) на целата територија на Република Македонија, со подршка на Министерството за култура на Република Македонија и Националната комисија на УНЕСКО за Македонија, имаат цел и обврска да ја следат состојбата со заштитените добра и согласно оперативните директиви на УНЕСКО, повремено активно да делуваат во насока на усогласување на имплементацијата на посочената Конвенција. Во таа смисла, оваа година, Министерството за култура испланира неколку семинари со кои пошироката јавност, носителите и др. ќе бидат информирани за новите насоки  во „Заштитата на нематеријалното културно наследство во Македонија”, преку одржување на семинари, обуки и трибини на оваа тема. Минатата година во Скопје се одржа Семинар за обука на државно ниво каде учествуваа претставници од државни институции-овластени субјекти, невладини организации и медиуми  чија дејност го опфаќа сегментот за заштита на нематеријалното културно наследство.

Со оглед на тоа дека обичајот „Четрсе” од Штип е првото впишано нематеријално културно добро од Република Македонија (декември, 2013) во Репрезентативната листа на УНЕСКО, обуката на тема: „Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство” – Оперативни директиви 2017 ќе се оддржи во регионот на Источна Македонија и тоа токму во Штип, градот на првото впишано добро од Македонија во УНЕСКО. Истовремено, сметаме дека ваква трибина организирана спроти празникот „Четрсе” ќе придонесе за зголемување на видливоста и значењето на самиот обичај но и дека на овој начин ќе се обидеме да ја подигнеме свеста на пошироката јавност за значењето на нематеријалното културно наследство во Источниот регион.