Штипската локална самоуправа минатата година инкасирала 82,5 милиони денари по основ на наплата на данок на имот.Тоа е 95,5% од планираното.Што се однесува до вкупните даночни приходи,информациите од општината велат дека има подобрување во споредба со 2017 година.

Од вкупните даночни приходи, данокот на имот е реализиран со 97 % или остварени се приходи од 71,2 милиона денари.

Останатите даночни приходи се реализирани со 91% или остварени се 11,1 милион денари.

Ваквиот висок процент на реализирање на приходите според локалната самоуправа се должи на зголемената свест кај граѓаните за исполнување на нивната граѓанска обврска за плаќање на данокот на имот и дека овие средства повторно се враќаат за потребите на граѓаните преку инвестициите во инфраструктурата.

Овие средства се и основа за исполнување на буџетските ставки во делот на инвестициите во инфраструктурата кои во буџетот за 2019 година изнесуваат 37,5 % .

Основниот буџет лани е реализиран со 72% односно реализирани се 283 милиона денари или 15% повеќе од 2017 година, додека реализацијата на вкупниот буџет е 655,8 милиона денари или 74%. Тоа е подобрување од околу 1 до 2% во споредба со 2017 година.