Салата на Советот на општина Струмица денеска беше полна со деца – членови на „Детската амбасада за сите деца во светот“ со седиште во Прилеп, а во рамките на нивната дводневна посета на Општината.

Претставниците на општина Струмица им посакаа срдечно добредојде, пријатен престој и да ја искористат можноста да се запознаат со бројните традиционални, културно-историски и современи белези на она што значи – Струмица вчера, денес и утре. Сите членови на амбасадата добија скромни подароци од општина Струмица, а од Детската амбасада возвратија со Благодарница на општина Струмица за покажаната хуманост и разбирање во градењето на хуманистичкото општество.