Додека наставата се одвива онлајн, во училиштата во општина Карбинци се вршат подготовки, реконструкции и замена на веќе страта и дотраена столарија- врати и прозорци.

Како што информира директорот на ЦООУ „Страшо Пинџур“, Зоран Трајанов, во кое што заедно со деветте подрачни има 420 уленици, во моментов се врши замена на подот во централното и училиштето во село Караорман. Извршена е промена на околу 560 м2 под, од кои 75 м2 во школото во Караорман. Сменети се вратите и прозорците во училиштата во Карбинци, Таринци, како и во спортската сала во централното училиште. Целата оваа инвестиција обезбедена од сопствени средства изнесува 1.400.000 денари.

„ Обезбедени се и смарт табли, нови комјутери како и ЛЦД проектори за сите училишта во општината“, вели Трајанов.

Во план е училиштето во Карбинци да добие нова енергетска фасада, како и нов пристап до училиштето и паркинг за наставниците, но овие активности ќе почнат со реализација кога тоа ќе го дозволат временските услови.

Училиштето купи и минибус со 22 седишта, кој ќе се користи за сопствени потреби, т.е превоз на учениците до нивните училишта. Средствата од околу 22 илјади евра, се обебзедени како резултат на тековното штедење во училиштето.