Малку е познато на новите генерации дека Македонска Каменица беше место каде се снимаше филмот „Оловна бригада“. Овој македонски игран филм од 1980 година, снимен според сценариото и во режија на Кирил Ценевски, ги донесе во тогаш малото рударско градче, големите имиња на југословенското и македонското глумиште, како Павле Вуисиќ, Коле Ангеловски, Дарко Дамевски, Миралем Зупчевиќ, Мето Јовановски, Илија Џувалековски и други. Филмот е приказна за рударска несреќа и односите во рудникот.

Дигитализираната верзија на „Оловна бригада“ изминаата недела беше прикажана во  Домот на култура во Македонска Каменица и беше повод сите повозрасни граѓани да се присетат на  во текот на снимањето и многуте анегдоти и случки со познатите слвните актери, кои беа дел од филмската екипа.