Куде „батко Ѓоргија”, куде тумбе, на градскиот плоштад во Куманово почна 14тиот „Меѓународен тамбурашки фестивал 2018″ .

Прекрасна вечер со љубов, песни, вино и Нино, првата вечер од манифестацијата се одржа во знакот на 35 годишниот јубилеј, толку време присуство на Македонската тамбурашка сцена на Нино Величковски, кој воедно е главен организатор и директор на „Тамбурашкиот фестивал”.

Неизмерна поддршка настанот доби и од Општина Куманово и Градоначалникот Максим Димитриевски.

Со едноминутно молчење присутните му оддадоа почит на Драгомир Шоич, еден од најдобрите Балкански тамбураши, кој на годинешниов  фстивал требаше да настапи со два оркестри, но Куманово и Македонија од него се простија пред два дена.

Организатор на настанот е секторот за култура, поддржан од градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Министерството за култура на РМ и Фондацијата за култура и спорт – Куманово.