Разиграно и распеано беше денеска во Македонска Каменица, каде со прогодна програма беше одбележана Светската недела на детето. Во Домот на култура, во организација на КИЦ Романса за дечиња до 6-то одделение во два термини беше прикажана детската театарска претстава „Ловечка сказна“.

Во публиката, при двете прикажувања на детската театарска претстава беа дечињата од детската градинка „Бамби“ и учениците до 6-то одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.