Во рамките на проектот за локална и  регионална конкурентност т.е потпроектот  што го доби општина Конче,,подобрување на пристапноста и атрактивноста  на ,,Сончевата езерска населба на Мантово“, изработен е видео-спот на кој што се презентирани  сите активности предвидени и направени во оваа туристичка населба.

,Со финансиска поддршка на ЕУ и на Владата го реализиравме проектот за подобрување на пристапноста и туристичката инфраструктура на езерото Младост. Во рамкиите на овој проект се асфалтираше патото од село Габровци до браната Мантово во должина од 6,5 километри. Поставени се клупи, корпи за отпадоци, информативни табли , осветлен е локалитетот ,,Влашки колиби“  а исто така мапирани и обележани се пешачки патеки во должина од три километри  во околината на езерото“, информира градоначалникот на општина Конче.

Од општината очекуваа дека  спроведените активности  ќе поттикнат дополнителни приватни инвестиции кои ќе ја унапредат туристичката понуда  на општината.

,,Во туристичката населба веќе се изградени околу 200 викенд куќи а општината има подготвено урбанистичка планска документација за развој и на други туристички содржини.Недопрената природа, чистиот воздух, здравата храна, се замо мотив повеќе за туристите да ја посетат општина Конче и да се запознаат со локалната традиција и другите природни ресурси кои ни овозможуваат развој на руралниот туризам “, додава Илиев.

 

Проектот го спроведе општина Конче и е финансиран од ЕУ, која даде финансиска поддршка и на изработката на видеото.