Со потпишаниот договор меѓу ЈП Државни патишта и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), обезбедени се средства од за рехабилитација делницата Македонска Каменица – Саса, во должина од 11 км. Овв делница е дел од проектот на ЈП за државни патишта, со кој ќе се рехабилитираат 84 километри на шест делници во државата.

Градоначалничката Соња Стаменкова потсети дека за само две години со општински средства се изградени 10 километри локални патишта во повеќето селски средини.

-Со новите 11 километри регионален пат за потребите на граѓаните, таа бројка ќе изнесува 21 километар. Овој регионален пат е од огромно значење за жителите на општина Македонска Каменица и регионот, знаејќи дека покрај поврзувањето на нашите две најголеми рурални средини, селата Саса и Моштица го поврзува и најголемиот економски субјект во Македонска Каменица, Рудникот Саса. Со оваа инвестиција се надевам дека даваме дополнителен стимул за забрзан развој на социоекомонските прилики, ја подобруваме мобилноста на граѓаните и нивната безбедност во сообраќајот, рече Стаменкова.