Членовите на Советот на општина Струмица му дадоа приоритет на проектот за изградба на две прифатилишта за бездомни животни. Прифатилиштата ќе бидат изградени во Струмица и Гевгелија, а ќе значат решавање на проблемот со кучињата скитници во сите општини во југоисточниот плански регион. Носител на проектот е општина Струмица која за негова реализација обезбеди сопствено учество во износ 2.695.961,00 денари од буџетот на Општината за 2018 година.

Со утврдениот приоритет се овозможува аплицирање на Јавниот повик за прибирање на предлог проекти за развој на планските региони за 2018 година за користење на средства за финансирање на проекти од буџетот на Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, а од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Проблемот со кучињата скитници, општина Струмица во последните години го решаваше преку хуман третман, согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.