Нови девет лица кои досега биле ангажирани како волонтери, ќе бидат вработени во Општина Куманово на неопределено време., со образложение дека општинската админситрација има зголемен обем на работа.
Најмногу од лицата како што посочи секретарот на општината Десанка Стошевска, ќе бидат вработени во Секторот за урбанизам, каде поради спроведување на Законот за бесправно градење има и најголем обем на работа.
– Овдека се работи за волонтери кои од неодамна се ангажирани во Секторот за урбанизам, не знам можеби пред вас не е дискутирано колку има потреба во Секторо за урбанизам за зголемување на бројот на извршителите, тоа се архитекти. Во процесот на реализација на постапките за легализација односно споревеудвање на Законот за бесправно градење и колку има потреба од побрзо постапување и решавање на овие предмети со оглед дека странките секојдневно доаѓаат и бараат, така да во овој Сектор се ангажирани седум лица како волонтери во моментот кои работат во Секторот за урбанизам. Целосна оправданост да биде пополнето работно место е Одделение за јавни набавки каде што колкав е обемот на општината во поглед на спроведување на постапки за јавна набавка, а има само три лица вработени, бидејќи едно лице во меѓувреме ја напушти работата и има потреба да се пополни тоа работно место, рече Стошевска.
Со 16 гласови „за“, шест „против“ и четворица „воздржани“, Советот одобри средства од Буџетот за новите девет вработувања.