Главните сообраќајници во Скопје се чисти и проодни на првиот снег кој падна оваа сезона. Солта што превентивно беше фрлена не дозволи формирање на снежни наноси. Сите камиони на улици и патишта се вратени во трите пунктови на претпријатието во Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров на претовар и стојат подготвени за дополнителни ангажмани.

Првиот снег во Скопје помина мирно и во дневникот на полицијата не е забележана ниту една сообраќајна несреќа, честа појава во услови на снег во главниот град. Оттаму потсетуваат на задолжителната зимска опрема за условите на патот и зголемена внимателност на учесниците во сообраќајот.