Се асфалтира регионалниот пат Виница – Лески – Зрновци

Со проширување од 4 на 4,25 метри и со нов слој асфалт, главната и фреквентна сообраќајница, регионалниот пат Виница – Зрновци , Виница – Лески , добива ново руво.

– Со проширувањето и асфалтирањето на 1.850 метри од регионалниот пат Виница-Зрновци, или поточно од мостот на Градечка Река, па се’ до крстосницата меѓу Виница, Лески и Зрновци, Општина Виница реализира еден крупен инвестициски зафат од дест милиони денари. Остваруваме едно големо ветување пред жителите на село Лески, кои со децении го чекаат овој асфалт, но ова е и значително олеснување за жителите на Зрновци, кои редовно сообраќаат на таа релација. Средствата за овој проект ги обезбедивме од Јавното претпријатие за улици и патишта. За Лески имаме уште приоритети. Планирано е асфалтирање на уште една поголема улица во селото, поставување канализација на две улици. Како највреден проект за кој си презедовме обврска да го реализираме е приклучување на Лески со градскиот водовод, инвестиција од 200 000 евра, а средствата ќе бидат обезбедени од Министерство за транспорт и врски и од Општина Виница – вели градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

До завршувањето на градежните активности од страна на изведувачот “Македонија пат“, сообраќајот на овој патен правец ќе се пренасочува преку соседните населени места.