Во официјална посета на општина Свети Николе изминатата недела претстојуваше амбасадорот на Руската федерација н.е. Сергеј Бездникин.

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, соопшти дека со амбасадорот Бездикин разговаравше за можностите и условите за воспоставуње на соработка со некој од општините во Русија со цел размена на културни, спортски и други облици на општествени видови на соработка.

-Исто така голавен акцент во овие разговори беше  можноста за привлекување на инвеститори во нашата општина од Руската федерација, изјави градоначалникот Велковски.

Амбасадорот Баздикин го посети Народниот музеј во Свети Николе каде беше запознаен со постојаната поставка на локалитетот Била Зора.
Во Домот на култура „Крсте Мисирков“ амбасадорот беше запознаен со библиотечниот фонд на Домот но и можноста за организирање на културни манифестации во Големата сала од објектот.