Радовиш: По четири децении, возобновена соработка со училиште од Велика Плана, Србија

После четириесет години, обновена е соработката со збратименото училиште „Други шумадијски одред“ од Марковац, Велика Плана, Србија.

По повод патрониот празник на ООУ „Крсте П. Мисирков“, делегација од ученици и наставници, заедно со директорот на училиштето, Саша Станоевиќ, беа во посета и на Општина Радовиш и имаа средба со радоначалникот Герасим Конзулов.