Во Македонска Каменица втор пат оваа сезона се прочистуваа одводните канали, од системот на отворената атмосферска мрежа во градското подрачје. Целосно е прочистен делот од детската градинка “Бамби” до кеј на Каменичка Река.

Од ЈП Камена Река апелираат до несовесните граѓаните да престанат каналите да ги користат за фрлање на отпад и шут, со што ќе се зголеми нивната функционалност, а од друга страна да се намали опсаноста од излевање во случај на зголемен доток на атмосферска вода.

Од страна на вработените во претпријатието во соработка со Општина Македонска Каменица и останатите образовни установи, по повод Денот на пролетта спроведоа засадување на 200 садници.

Акцијата ќе продолжи и во текот на наредниот период, до целосно чистење на градот и селските средини од дивите депонии, како и јавните површини во општина Македонска Каменица.