Увид на работата во доизградбата и уредувањето на речното корито на Липковка денеска изврши постојаниот претставник на УДНП во Македонија, Луиза Винтон заедно со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Проектот е финансиран токму од УНДП, а се реализира со помош на локалната самоуправа. Воедно Винтон како почесен граѓанин на Куманово првата официјална посета на УНДП ја реализира токму за средба со новиот градоначалник Димитриевски.

Како што истакна Димитриевски на средбата освен за тековниот проект и долгогодишното патнерство, се разговарало и за остварување на заедничка соработка во периодот кој следува.

Продолжување на соработката со УНДП, најави и постојаниот претставник Луиза Винтон, која истакна дека е чест да се биде почесен граѓанин на Куманово.

Поради комплексност во изведување на активностите на терен во регулацијата на речното корито, работите се одвиваат побавно, а тим од инжинери врши испитувања за да проектирањето не доведе до грешки кои пак би можеле да доведат до поплуви во населбата Средорек. Кон почетокот на следната недела се очекува активностите да продолжат, откако инжинерите ќе изнајдат заедничко решение.

Проектот ќе чини нешто повеќе од 13 милиони денари, а се очекува да заврши до крајот на годината.