Привршува партерното уредување на местото Аргач во центарот на Штип

Во завршна фаза е партерното уредување на местото наречено Аргач во центарот на Штип, кое долги години беше запоставено. Се работи за 600 квадратни метри површина која е партерно уредена со поставување нови клупи, корпи за отпадоци, бекатон, канделабри и декоративни садници. Деновиве увид во завршните активности извршија в.д.градоначалникот Јане Миланов и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев.

Инвестицијата за уредувањето на просторот е на Општина Штип и на јавното комунално претпријатие „Исар“ и изнесува околу 1,8 милиони денари. Дополнително, Општина Штип на овој потег во градот изврши санација на паркинг-просторот, инвестиција што чини 400.000 денари, со што вкупната вредност на инвестицијата во тој дел од градот е 2,2 милиона денари.