Претставници од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино го посетија основното училиште „Haldun Taner Ilkokulu“ од Истанбул. Во рамките на оваа посета беше потпишан договор за соработка помеѓу двете училишта.

Договорот значи соработка помеѓу учениците, наставниците и стручните соработници, размена на искуства, нови методи и техники на учење, збогатување и промоција на културните вредности. Соработката ќе се реализира преку посета на ученици, наставници, родители, посета на наставници за размена на искуства од областа на образованието, прифаќање на мегународни стандарди и критериуми, взаемно снабдување со информации, документи и други материјали од областа на образованието, организирање на културни, забавни и спортски активности.

При посетата на училиштео „Haldun Taner Ilkokulu“ од Истанбул, претставниците од ООУ „Маршал Тито“ од Муртино присуствуваа на најразлични часови, разменуваа искуства, го посетија Бирото за развој на образованието во општината каде што се наоѓа училиштето и посетија дел од културните знаменитости во градот Истанбул.

Претставници од истанбулското училиште ќе ја посетат општина Струмица и училиштето во Муртино во месец мај идната година.

Општина Струмица го подржа овој договор и продолжува да дава поддршка за подобрување на образовниот процес, модернизирање на образованието и подобрување на меѓуетничката соработка во образованието.