Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица,е во постапка за обнова  и санација на системот за затоплување во училишната зграда. Планираниот рок за почеток на изведбата е

15.06.2019 година (веднаш по завршувањето на учебната година), додека краен датум за завршување на реконструкцијата и санацијата на објектот е

31.12.2019 година. Со обновувањето и реконструкцијата на системот за парно греења значително ќе се подобрат условите за престој и работа во училиштето.

Во текот на минатата година училиштето веќе изврши комплетна замена на надворешната, т.е фасадна столарија на училиштето со што додатно е зголемена енергетската ефикасност на објектот и заштедата на енергенси за затоплување на училиштето.