Со свечена програма која што се одржа пред Споменикот на Револуцијата во градскиот парк, беше одбележана 73 – годишнината од ослободувањето на Струмица.

Во чест на празникот беше изведен мал митинг на револуционерна поезија во изведба на членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“, положено свежо цвеќе, а беше засадено и дрвце на другарувањето во алејата на младите во градскиот парк. Пред присутните гости и почитувачи на овој Ден, за значењето на празникот зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.