Привршува реализацијата на првата фаза од асфалтирањето на улиците во населените места, согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2017 година на општина Струмица. Деновиве се асфалтираше во населените места Муртино и Вељуса.

Во досегашната реализација на овој градежен зафат, финансиран од општинскиот буџет, асфалтирани се улици во населените места Куклиш, Градско Балдовци, Добрејци, Дабиле, а наредните денови ќе се асфалтира и во Габрово, Рич и Костурино.