Општина Конче го реализира проектот „Пат до секоја нива’’ со цел да го олесни пристапот на жителите од ова општина до своите обработливи површини. Со градежна механизација на претпријатието „Техника’’ се санираат сите полски патишта во ова општина со цел земјоделците со својата механизација да можат на полесен и побезбеден начин да стасаат до нивите во атарите на населните места во општина Конче.
Според информациите досега се санирани полски паитша од околу 30 тина километри преку кои може да се стаса до околу 480 хектари земјоделски површини кои се засадени со лозови, овошни насади или пак се во фаза на садење на тутун и други градинарски култури.
Целиот проект го работиме во интерес на земјоделците бидејки преку летниот период се интензивираат земјоделските активности на обработливите површини па се потребни и соодветни полски патишта кои не беа во најдобра кондиција. Проектот го работиме со сопствени средства. Заради последните дождови имавме прекин но продолжуваме со санацијата,, вели градоначалникот на Конче Благој Илиев.Според утврдената програма досега беа санирани полските патишта во атарите на општинскиот центар Конче но и на населените места Лубница и Долни Липовиќ.

Периодов ќе се санираат полските шатишта во Горни Липовиќ, Ракитец, Габревци и Дедино. Полски патишта ќе се санираат и со средства кои општината ги има обезбедено од програмите на Југоисточниот плански регион и преку Министерствто за земјоделство.