По завршувањето на изборите во оштина Карбинци се интензивираат активностите  на неколку проектот што се во тек.

Според информациите од градоначалникот  Јордан Насев, почна изградбата на фекална канализациска мрежа во селото Козјак а продолжуваат и активностите  за пристапниот пат на планината Плачковица во рамките на проектот за поттикнување и развој на туризмот.

„Почна изградбата на фекалната канализациска мрежа во селото Козјак со прочистителна станица за околу 60 семејства. Средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка преку Министерството за транспорт и врски. Очекуваме во следниот период, најдоцна до септември да биде завршен овој објект,“најави Насев.

Тој информира дека  дека во тек е подготовката за распишување на тендер за уредување на речното корито на Козјачка река.

„ За овој проект имаме добиено 2.800.000 денари од Министерството за животна средина и околу 1.600.000 од општинскиот буџет.на овој начин сметаме дека ќе го заштитиме населението од општина Карбинци од надојдените води на Козјачка река,“информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.