Не палете оган на отворен простор и во шума, не палете стрништа и меѓи, не фрлајте цигари и догорчиња, шишиња и стаклен отпад, не фрлајте и не палете отпад и друг запалив материјал, се препораките кои што најдоа на флаерите кои што за време на викендот ќе се делат на жителите во општина Карбинци но и посетителите во Плачковичкиот регион.

Општина Карбинци во соработка со СВР Штип и одделот за превенција ги подготвија овие флаери под мотото-„И Вие сте одговорни“.

Целта на овие едукативно-превентивни флаери е да се укаже дека секој човек со своите постапки на некој начин може да придонесе да се спречат пожари кои што лесно прераснуваат во неконтролирани огнени стихии предизвикани намерно но и од невнимание.

„Секоја година , посебно во овој период општина Карбинци се соочува со бројни пожари најчесто предизвикани од палењето на стрништа а жителите и покрај апелите и предупредувањата никако не се откажуваат од оваа навика,“вели градоначалникот Јордан Насев.

Делењето на флаерите заедно со претставници од одделот за превентива ќе се одвива  во сабота од десет часот, на регионалниот пат кон планината Плачковица, во непосредна близина на општинската зграда.